Facebook сака да знае повеќе за вашите банкарски сметки

Facebook преговара со големите американски банки со цел споделување на детални финансиски информации за нивните клиенти, вклучувајќи трансакции и тековен биланс, пријави Wall Street Journal. Социјалната мрежа сака да воведе нови услуги и визира евентуалнa иднина, каде што таа е и комплетna платформа за тргување.

Моментално Facebook ja нуди услугата Marketplace за кориснички објави, но компанијата сака да ги прошири можностите со функции како проверка на бiлансот и известување за злоупотреби директно во апликацијата Messenger. Една од банките, кои учествувале во преговорите, донела одлуката да се повлече предвид проблемите на Facebook со безбедноста на податоците на корисникот.

Социјалната мрежа прецизира дека нема намера да gi користи банкарските податоци за профит од рекламирање или продажба на информации – тврдејќи дека безбедноста на потрошувачите е суштински дел од нејзините напори. Во дополнително соопштение по повод објавувањето на WSJ, Елизабет Дијана од Facebook објаснува дека интересите на компанијата се да им овозможи на корисниците да ги поврзат своите банкарски сметки, за да добиваат информации во Messenger во реално време и да ги следат своите средства. Пријавувањето за услугата е целосно доброволно и информациите нема да се користaт за цели надвор од гаранцијата на оваа функционалност.

Во моментов Facebook поддржува поврзување на сметки во PayPal, сингапурската CitiBank и американската American Express со функции како трансфер на пари и следење на нарачки. Со своите активности по Messenger компанијата ги следи трендовите кај современите апликации за комуникација; истовремено барајќи нови можности за раст, откако инвеститорите ја обвинија за тапкање во место и вредноста на акциите нејзини паднаа опасно во јули. По објавувањето на WSJ, акциите на социјалната мрежа скокнаа за 3,5%.