Компанијата Amazon ги отстрани сите производи со нацистички и расистички обележја. Политичарите и различните организации кои ги следат групите за ширење на омраза идентификувале неколку продавачи кои нуделе роба со забранети симболи.

Amazon тврди дека ги блокирал продавачите, ја стопирал продажбата на предметите и дека моментално утврдуваат постоење на други производи со сомнителни симболи, пишува “BBC”.

На онлајн продавницата бил понуден накит со нацистичка свастика, како и музички и аудио книги кои ги величат фашистичките ставови.

Во извештајот кој е објавен минатиот месец, Центарот за раса и економија тврдел дека Amazon им помага на нацистите и модерните националистички групи да напредуваат, со помош на продажба на забранета роба.

Извештајот го навел конгресменот Кит Елисон од Минесота да испрати писмо до Amazon, во кое изразува голема загриженост поради случајот со рекламирање на нацистички и расистички идеологии.

Брајан Хасмен, потпретседателот на Amazon, ги образложил чекорите кои компанијата ги презела со цел да ги отстранат непосакуваните производи. Во понатамошното истражување се наведува дека Amazon оформил тимови кои ќе ги скенираат листите на кои се бараат производи кои ја кршат политиката на сајтот или националните закони, пишува “BBC”.

Освен самостојните акции, Amazon во истрагата ги вклучил и потрошувачите кои пријавуваат прекршоци во законот.