Американската компанија за автомобили Tesla планира да инвестира 5 милијарди долари за изградба на фабрика во Кина, пренесува њујоршката агенција Bloomberg.
Компанијата Tesla размислува за собирање на средства во Кина за финансирање на барем еден дел од инвестицијата за фабриката, наведува њујоршката агенција, повикувајќи се на анонимен извор.
Компанијата минатиот месец договорила изградба на фабрика во близина на Шангај, кадешто производството на новото возило Model 3 би започнало во 2020. година.
Од Тесла во првата декада на јули соопштиле дека потпишале договор со градските власти на Шангај за почеток на градење на фабрика во блиска иднина.
Компанијата тогаш најавила дека производството ќе започне за три години и дека конечниот резултат ќе биде зголемување на производството за 500.000 возила годишно, објави агенцијата.
Договорот е направен откако Тесла, поради взаемните американско-кинески увозни тарифи, бил принуден да ја зголеми цената на возилата кои се произведени во Америка, а се продаваат во Кина. Поради царините, кои американскиот претседател Доналд Трамп ги вовел, за увозниот челик и алуминиум, Model Ѕ, на Тесла, наеднаш во Кина поскапел измеѓу 20.000 и 38.000 долари.
Агенцијата проценува дека на овој начин „Тесла“ многу мудро ги надмина царините на Трамп и исто така изградбата на фабриката во Кина донекаде ќе ги заштити од негативните ефекти во трговската војна.