Фрегатата „Адмирал Горшков“ успешно лансираше хиперсонична ракета „Циркон“ од Белото Море, која погоди морска цел оддалечена повеќе од 400 километри, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Пробното гаѓање беше извршено од Белото Море кон цел лоцирана на оддалеченост од над 400 километри. Снимачите на податоци покажуваат дека летот на хиперсоничната ракета бил во согласност со наведените параметри. Пробното лансирање од фрегатата „Адмирал Горшков“ било успешно и целта е уништена“, изјавуваат од Министерството.

Во соопштението се наведува дека фрегатата на Северната флота Адмирал Горшков извршила уште едно пробно лансирање во рамките на последната фаза од тестирањето на хиперсонични ракети, пренесе ТАСС.