Во целиот веб, WordPress ја игра клучната улога и може да се пофали со повеќе од 60 милиони веб сајтови, 65% од CMS-управуваниот дел од пазарот на веб сајтови и огромна заедница на програмери, дизајнери и поддржувачи. Поради ова, тој треба да е вашиот избор за почеток на бизнис на интернет, независно дали ќе продавате продукти или ќе обезбедувате услуги. Па, како може да заработите со WordPress?
WordPress развој и веб дизајн
Ако размислувате да заработувате со WordPress, веднаш ќе се сетите на две разботи: развој и веб дизајн. Како најраспространет CMS, WordPress е местото каде програмерите и дизајнерите може да направат пари.
Градење, развивање и прилагодување на WordPress теми и додатоци е еден од начините на кој може да ја започнете својата кариера во WordPress. Дури и ако не сте подготвени целосно да му се посветите на работниот распоред како хонорарец со полно работно време, оваа опција нуди ефикасен начин на добивање искуство, запознавање со заедницата и приход.
Ако ова е патеката во вашата кариера која сакате да ја следите, вашата прва цел треба да биде да го покажете вашиот талент и да дозволите лесно да може да се стапи во контакт со вас. Ова значи дека вашата цел треба да е:
- да направите вашиот веб сајт да изгледа професионално
- да објавите портфолио со вашите дела
- да креирате анализи
- да напишете за вашата работа
Знам дека сега си помислувате дека развивањето и дизајнирањето на WordPress додатоци е широк пазар и дека тешко ќе можете да заработите на почетокот, па токму затоа ви препорачувам да целите на WordPress сегменти и да станете WordPress стручњак во едно од следниве полиња:
- e-трговија и WooCommerce специјалист
- специјалист за работна рамка (пр: Genesis)
- UI и UX специјалист
Велат “најди го она што те исполнува” така? Сега имате три можности, и во секоја можете да одите уште подлабоко.
WordPress одржување и поддршка
Никој не сака кога работите одат наопаку, а кога се вклучени и пари, тогаш е уште полошо. Затоа деловните луѓе ја знаат важноста на проверките на нивниот WordPress веб сајт на интернет и бараат стручњаци кои ќе проверат неколку аспекти.
Ако сте искусен WordPress програмер, ќе можете да им бидете од голема полза на тие клиенти понудувајќи им услуги како:
- Оптимизација на веб сервери, код и изведба
- Ажурирање на WordPress јадрото, темите, додатоците, и проверување на компатибилност
- WordPress премиум поддршка
Повторно, ако ова е во вашето поле на стручност и мислите дека е презаситено, тогаш може да целите на сегментот во пазарот кој е во раст, обезбедувајќи услуги за безбедносна ревизија и корекции на додатоци и теми, како што прави тимот на Sucuri.
Хостинг сервиси оптимизирани за WordPress
Со стапката на прифатеност која постојано расте, WordPress отвора можности за обезбедувачи на хостинг, бидејќи сопствениците на бизниси сега бараат WordPress оптимизирано хостирање на сервери, познато како WordPress менаџирано хостирање. Земете ги WP Engine, Flywheel, SiteGround како само неколку примери, но постојат многу повеќе.
Ако затишјето во работата е вашиот смртен непријател, треба целиот да се внесете во WordPress менаџираното хостирање и да почнете да ги градите своите услуги околу тоа.
Контент и копирајтинг сервиси
Кодот и дизајнот се само половина од питата, но содржината е сé останато. Новинари, блогери, и секаков тип на автори на содржина може да влезат на пазарот на WordPress нудејќи ги своите услуги и обезбедувајќи си нови приливи на средства.
Сé повеќе и повеќе блогови работат на WordPress, па ако знаете да работите на овој CMS ќе имате предност пред останатите “стандардни” креатори на содржина кои знаат да работат само во Word на пример.
Па така, ако содржината е вашата област и сакате да почнете со WordPress бизнис, треба да погледнете неколку интересни идеи:
- WordPress веб сајтови за вести и блогови
- Контент маркетинг за бизниси базирани на WordPress
- SEO услуги
- Описи на продукти за е-трговија
- Копирајтинг за страници на пристигнување
Дали сакате да знаете кој е сегментот на пазарот кој во моментов цвета? Комбинација од авторски текстови и малку UX, помешано со аналитичко знаење: името за ова е специјалист за стапка на конверзија.
Целосниот текст можете да го прочитате на веб-сајтот на Веб Академија Еверест
Поврзани артикли