Луѓето излегуваат надвор од автомобилите додека се во движење и танцуваат на песната на Дрејк – In my feelings, така да само прашање на време е кога некој сериозно ќе биде повреден.
Полицијата во САД предупредува на новиот опасен интернет тренд, односно предизвик во кој се вклучени се поголем број корисници, а поради кој некој би можел и да го загуби животот. Станува збор за таканаречениот #InMyFeelings предизвик (некои го нарекуваат #keke) во кој луѓето танцуваат на песната In my feelings од неодамна објавениот албум на Дрејк – Scorpio.
Проблемот, се разбира, не е во тоа што луѓето танцуваат, туку како и каде да танцуваат – всушност, целта на овој опасен предизвик е да се излезе од автомобилот кој се движи и да се игра на песната на Дрејк, додека друг лице од возилото снима. Во некои случаи, луѓето кои излегле од возилото и танцуваат пред отворена врата се оние кои седат на совозачкото место, но за жал повеќето се оние кои станале од возачкото место и со тоа го ризикуваат и својот живот и на други луѓе.
Се разбира, не треба ниту да се напоменува колку е опасно и глупаво да се направи нешто такво, а за американските медиуми, шефот на полицијата на Метхуен Масачусетс вели дека е само прашање на време кога некој сериозно ќе биде повреден. Покрај тоа што е ризично самото излегување од автомобилот кој се движи (објавен се некои видеа на луѓе кои паднале кога излегле од автомобилот и удриле на бетон), а постои опасност и од налет на друг автомобил или мотор кој може да удри во „танчерите“.
Трагедија може да се случи и како резултат на небрежност на другото лице во автомобилот, она кое го снима танцот и не го следи сообраќајот – возилото се движи без контрола, а автомобилот сигурно нема да запре или да заврти во случај кога ќе се појави пешак или друг автомобил на патот.
Како и да е, ниту телефонските повици, ниту пораки, ниту предизвици не се повредни од еден човечки живот.
Извор: Додај Гас