Популарното писмо со емотикони, смајли или емоџи годинава официјално се проширува со дури 157 нови знаци. Конзорциумот одговорен за избор на емотикони на сите платформи, Unicode, ги одобри новите знаци откако неколку месеци се работеше на нивниот избор. Листата со нови емотикони вклучува црвенокоси, пауни, гусарски знамиња, комарци…

Во веќе опширната збирка на сликовни знаци има вкупно 2.823 емотикони. Иако новите емотикони нема да можеме да ги користиме пред идната есен, ќе можеме да видиме како ќе изгледаат.

Извор: Tportal.hr