И официјално, Huawei е вториот најпродаван бренд на смартфони во светот. Ова го покажа последното истражување на пазарот од Canalys. Кинескиот бренд стана втор најголем продавач на паметни телефони во светот, симнувајќи го од оваа позиција гигантот Apple.

Huawei испорачал 54 милиони мобилни телефони во вториот квартал од 2018 година, со силна побарувачка за својот најатрактивен модел P20. За споредба, Samsung во истиот квартал продаде 73 милиони единици, додека Apple само 41 милион телефони.

„Стратегијата на Huawei значително еволуираше во текот на последните шест месеци“, вели аналитичарот на Canalys, Мо Џи, кој не сакаше да прфедвидува дали овој пад на продажбата на Apple сериозно ќе се одрази на нивната популарност во следниот период.