Компанијата Samsung го претстави  10.5’’, нов таблет кој нуди забава за целото семејство, без разлика дали сте во домот или пак во движење. Вклучувајќи нови забавни можности за целото семејство и подобрени аудио и видео карактеристики, Galaxy Tab A 10.5“ е идеален за уживање во омилениот филм или ТВ шоу во домот или додека патувате. Без разлика дали одмарате на вашиот лежај, или уживате во долгото патување со семејството, новиот Galaxy Tab A 10.5“ може да ве забавува вас и вашите деца со часови. Воедно, со дополнителните функции за поврзување, како SmartThings, управувањето со вашиот дом сега е поедноставно од претходно.

“Со гордост го претставуваме Galaxy Tab A 10.5“, најновото дополнување на линијата таблети на Samsung, со карактеристики кои го олеснуваат животот и се позабавни за целото семејство. Одликувајќи се со освежен дизајн, подобрена родителска контрола и нови функции за поврзување со домот, Галакси Таб А 10.5“ е префектното дополнување за модерните домаќинства.“ – изјави Џејсон Ли, Директор и Раководител на Групата за Продуктни Стратегии за Таблети во Одделот за Мобилна Комуникација во Samsung.

Со помош на Galaxy Tab A 10.5“, пријателите и семејството може да гледаат филмови, да играат игри, да слушаат музика или да пребаруваат содржини заедно на 10.5 -инчниот екран со тенки рамки и извонреден сооднос од 16:10. Со четири вградени звучници на секој агол на таблетот, поддржани од Dolby Atmos, Galaxy Tab A 10.5“ го трансформира искуството на мобилна забава преку движење на звукот насекаде околу вас.

Samsung Galaxy Tab A 10.5“ им овозможува на родителите контрола при управувањето со содржините и времето на користење преку режимот за деца – Kids Mode, таблет интерфејсот на Самсунг кој е безбеден за деца и е дизајниран со цел да ги направи учењето и забавата поедноставни, побезбедни и поинтересни. Овој режим вклучува пребарувач за деца (Kids Browser), Galaxy апликации за деца и осум бесплатни детски апликации од омилените брендови на семејствата, вклучувајќи ги Toca Hair Salon 3 и BRIO World – Railway. Семејствата може да користат и режим за повеќе корисници (Multi User Mode) за да креираат повеќе кориснички профили на Galaxy Tab A 10.5“, на пример, посебен кориснички профил за дете и одделни профили за родителите – за поголема функционалност на еден таблет.

Управувањето со семејните активности и домот сега е уште полесно со помош на Galaxy Tab A 10.5“ преку подобрените функции за поврзаност. Со помош на дневниот преглед Always On Daily Board се овозможува приказ на интегрални дневни информации на, едноставен за преглед, домашен центар кој вклучува и часовник, календар и временска прогноза, како и дигитална фото галерија. Воедно, корисниците ќе можат едноставно да ја контролираат својата домашна средина со помош на овој таблет преку функцијата SmartThings. Управувањето со поврзаните апарати за домаќинство преку функцијата SmartThings е едноставно – само со допир на копче. Без разлика дали ги подготвувате децата за спиење, или сакате да ја зголемите температурата во просторијата за време на дождлив ден, паметните контроли ќе го олеснат управувањето со вашиот поврзан дом.