Американскиот произведувач на електрични автомобили Tesla планира изградба на фабрика во Европа.
Компанијата преговара со локалните власти во Германија и Холандија во врска со осигурувањето на локациите за фабриката во која ќе се произведуваат електрични возила и батерии.
Tesla веќе има погон во Европа, во Тилбург во Холандија, но се користи само за монтажа на моделите Model S и Model X.
Првиот човек на Tesla, Елон Маск веќе некое време ја најавуваше првата фабрика за батерии и возила во Европа.
Неколку европски земји започнаа кампања за да ја привлечат Tesla на нивниот пазар.
Поврзани артикли