Facebook на својот официјален сајт за вработување има објавено отворено работно место за Македонец.
Успешниот кандидат ќе работи со македонскиот пазарен тим за да ги разгледа содржините пријавени за потенцијални злоупотреби, да ги реши проблемите со корисничките сметка, да го подобри општото искуство за поддршка на македонскиот пазар, како и да ги реши тематските глобални проблеми.
Лицето ќе биде дел од тимот кој анализира податоци и ќе помогне Facebook да ги прошири операциите преку оптимизирање и автоматизирање на процесите, решавање на предизвикувачки проблеми и што е најважно, нивното превенирање.
Позицијата е со цело работно време.