Технолошките гиганти како Tesla, Uber и Spotify моментно имаат се помали профити, што предизвикува загриженост кај експертите дека таквата состојба би можела да има негативно влијание врз светската економија.

И покрај најавите за нови достигнувања, технолошките компании бележат се поголеми загуби и заработуваат се помалку.

Поради тоа дел од експертите прашуваат дали можеби не станува збор за уште еден нов балон, кој само што не пукнал и не предизвикал нови потреси во економијата.