Новиот извештај на познатата јапонска интернет страница Mac Otakara открива дека новата линија iPad Pro модели ќе биде помала и потенка и без 3,5-милиметарскиот влез за слушалки.
Јапонците велат дека новиот iPad Pro, кој ќе пристигне на пазарот наесен, ќе биде со големина од 10.5-инчи. Висината на таблетот би требало да биде 247,5 милиметри, широчината 178,7 милиметри, а ќе има дебелина од шест милиметри. Потсетуваме, сегашниот модел на iPad Pro 10,5″ изнесува 250,6 х 174,1 х 6,1 милиметри.
Извештајот на јапонскиот синџир открива дека најновиот iPad ќе има сензори за препознавање на лицето (Face ID) и True Depth камера, но нема да има Home копче.
Apple во редизајнот на таблет уредот ќе се фокусира на тенките рамки околу екранот, кој би требало да биде поголем во однос на актуелните модели.
Mac Otakara објави дека Apple ќе воведе промени и во своите iPhone уреди. Се претпоставува дека новиот iPhone ќе биде малку поевтин од минатогодишниот iPhone X.