Глобализацијата продолжува, но сè уште постојат многу места во светот каде не се зборува англиски. Понекогаш можете и да се снајдете мавтајќи со рацете, но некаде тоа е исклучително тешко. Водичите за патувања и тематските апликации за паметните телефони знаат да ве спасат во многу непријатни ситуации, но само доколку поставувате едноставни прашања.
Затоа сега е време на нови технолошки решенија. Креаторите на Travis – мобилниот „преведувач“, веруваат дека имаат вистински хит. Уред кој преведува од 80 различни јазици. Истиот веќе стана хит на Indiegogo.
Travis е опремен со микрофон и дисплеј. Наликува на едноставен диктафон, но најинтересната работа е внатре: уредот е способен практично да застане и да преведува од еден јазик на друг. Ако кажете фраза на руски, уредот ќе го слушне тоа, а потоа ќе добиете превод на англиски или шпански, на пример. Travis едноставно го слуша соговорникот и преведува на саканиот јазик.
Уредот има опција да преведува од 80 јазици, а 20 од нив се достапни за употреба без потреба за интернет конекција. Ова е исклучително корисно кога сте во странство, а не го познавате локалниот јазик.
Креаторите на овој уред велат дека Trаvis може да го искористите и како помагало за изучување на јазик. Колку почето го користите, толку поприроден ви станува преводот. Системот има вграден систем и за намалување на бучавата, што значи дека е способен да го препознае она што се зборува дури и во неверојатна бука. Полна батерија издржува 12 часа користење. Цената на уредот ќе биде само 159 долари, а првите испораки ќе пристигнат во ноември.