Оваа година се очекува Apple да го објави првиот безжичен полнач за паметни телефони, претставен во септември 2017 година. Истовремено, компанијата веќе има патентирано технологија за безжично полнење, вградена во лаптоп компјутерите MacBook.
Во текот на неделата во интернет истекоа информации за нов патент на IT гигантот од Купертино, кој опишува индукциони калеми, вградени во лаптоп, преку кои корисниците можат да ги полнат современите модели на iPhone.
За да почне полнењето, доволно е за корисникот да го постави својот паметен телефон на површината на лаптопот. Два уреди можат да се полнат истовремено – на пример, два паметни телефони или паметен телефон и паметен часовник.
Спецификацијата на патентот наведува дека индукциониот модул го поддржува Qi стандардот. Ова значи дека секој уред кој поддржува безжично полнење може да се полни со него.