Минатата година, продажбата на албуми падна 18,2 проценти во однос на претходната година, а продажбата на песни се намали за 28,8 отсто. Ова го велат податоците на компанијата BuzzAngle, која ја следи потрошувачката на музика во Америка.

Во меѓувреме, музичките стримови, вклучувајќи аудио и видео, се зголемија за 35,4 отсто.

Аудио стрим на барање постави нов ркорд од 534,6 милијарди стримови во 2018, што е 42 отсто повеќе од 376,9 во 2017. година.

Од вкупната музика која Американците ја слушаа минатата година, 77 проценти била преку стриминг услуги како Spotify и Apple Music, додека 17,3 проценти од тоа било преку продсжбс на албуми и 5,7 отсто низ продажба на синглови.

Овие бројки во 2017. година изнесувале 66 проценти, 24,6, односно 9,3 отсто.

Минатата година, Best Buy одлучи да престане со продажба на компакт дискови, а оваа промена е резултат на тоа што издавачките луќи се повеќе размислуваат за тоа дали воопшто треба албумите да ги објавуваат во физички облик.