Samsung продолжува да биде глобален лидер во производството на OLED дисплеи и инвестира импресивни ресурси во развојот на оваа технологија. Компанијата е веќе подготвена со нов панел што го привлекува нашето внимание, со тврдењето дека не може да се скрши. На овој начин, Samsung се надева дека ќе стави крај на досадниот проблем со испуштањето од рака и кршењето на екраните на модерните паметни телефони. Уште поинтересно е што предметниот дисплеј е со флексибилен форм-фактор.
Корејскиот производител веќе ја патентирал оваа компонента за идните паметни телефони во Канцеларијата за безбедност и здравје при Министерството за труд на САД (OSHA). Добивањето на сертификатот е поврзано со спроведување на голем број на тестови со оптоварувања кои ги покриваат воените стандарди во земјата, пренесоа „TechRadar“. Резултатите покажуваат дека новиот флексибилен OLED издржува 26 испуштања од 1,2 метри на тврда површина без да има гребнатини.
Експериментите вклучуваат тестови при различни температурни услови кои се движат од 71 степени до -31 степени Целзиусови. Дури и во оваа ситуација на флексибилниот OLED екран не се откриваат траги од надворешно влијание врз површината и рамките, што е прилично импресивно достигнување. Samsung гледаат голема иднина во оваа технологија, но веројатно првите модели кои имаат корист од неа ќе бидат претставени во следната година.