Во рамки на маркетиншко-комуникациската кампања „Сите знаат – дека си го проверил квалитетот”, Lidl им приреди изненадување на ранобудните во Љубљана.

На голем постер во Баварскиот двор во Љубљана залепи 300 кесички индиски орев со брусница, пренесува InStore. Кога минувачите ги зеле сите залепени кесички, по четири часа откриена е пораката, која го пренесува резултатот од истражување за квалитет.

Имено, во истражувањето за квалитет, спроведено во соработка со истражувачката агенција Ipsos, меѓу најдобро оценетите производи се најде токму Alesto – индискиот орев и брусница, приватна трговска марка на Lidl. За 97% од испитаниците тој е оценет како добар, многу добар или одличен.

Подолу можете да го погледнете и видеото од кампањата.

Извор: Marketing365.mk