YouTube експериментира со Explore опцијата, која на корисниците ќе им овозможува полесно да стигнат до каналите и содржините кои ги интересираат. Новата опција им е наменета на мобилните уреди, а ќе се појавува како таб на дното на апликацијата, и засега ќе може да ја испроба само 1 процент од избраните iOS корисници.

Explore ќе ги препорачува содржините врз основа на она што го гледа корисникот, но избраните содржини ќе бидат со нешто поширок опсег, како она што се случува на YouTube Home страницата. Од компанијата велат дека новата опција е осмислена за на корисниците да им понуди содржини кои би можеле да ги интересираат, а до кои можеби не би стигнале самостојно. Понудата се формира на основа на претходните активности.

Explore табот ќе потсетува на сличните опции од другите платформи и би требало да нуди и содржини кои се поделени во категории, а кои потекнуваат и од оние канали кои не ги следи корисникот.