За да може 5G мрежата да функционира на мобилните уреди, потребни се многу компоненти, договор за нови стандради, нови модеми и нов хардвер за вмрежување. Но, компанијата Qualcomm наводно го реши еден од најголемите проблеми.
Qualcomm претстави нов QTM052 mmWave антенски модел, прв шtо ќе овозможи користење на 5G мрежи на смартфоните.
Тоа е голема работа, бидејќи не се сите 5G мрежи еднакви. Како што покажаа тестовите на Qualcomm претставени на Mobile World Congress оваа година во Барселона, корисниците ќе добијат многу поголеми брзини на интернет благодарение на 5G мрежата, но вистински импресивен скок ќе претставува mmWave мрежата. За се да функционира, најпрвин е потребен mmWave хардвер за мобилни, а тоа не е лесна задачата. Додека mmWave делот од спектарот нуди драматично поголеми брзини, тој трансмитира на многу пократок досег и лесно го блокираат пречките како ѕидовите, па дури и рацете на корисниците на уредот.
Но, Qualcomm тврди дека QTM052 антената е решение. Тоа е мала антена со големија на паричка, која се состои од четири антени задолжени за насочување кон најблиската 5G кула. Сигналите можат да се одбијат од околната површина. Антената QTM052 е дизајнирана да биде доволно мала за да ја собере во куќиштето, односно рамката на смартфонот. X50 5G модемот на Qualcomm е веќе дизајниран да поддржи до четири антени, една од секоја страна на смартфонот, и тоа во превод значи вкупно 16 антени кои нема да дозволат блокирање на сигналот без оглед како корисникот го држи смартфонот.
Првите уреди со QTM052 антени би требало да се појават на почетокот на следната година.