Раководството на американската вселенска агенција NASA потпиша договор со вселенската агенција на ОАР за испраќање на повеќе луѓе во вселената. Договорот го потпишаа Jim Bridenstine и Dr. Mohammed Al Ahbabi. Засега не е целосно објавено што содржи овој договор, но се очекува астронаутите од ОАЕ да патуваат со ракетите на NASA.

Процесот за селекција на астронаутите во ОАЕ веќе е започнат, па изборот е сведен на 9 кандидати, а треба да се одберат четворица кои ќе полетаат во вселената. Првиот астронаут од оваа држава се очекува да отпатува во Меѓународната вселенска станица во април 2019-та година, но тоа сепак ќе се случи со помош на руската вселенска агенција – Ruscosmos.