Вирусот SARS-CoV-2 изгледа како мали топчиња. Објавени се нови фотографии од вирусот кои што се направени со електронски микроскоп, пренесува порталот „Live Science“.

На фотографиите вирусот може да се види како мали, округли топчиња. Тој долгнавест облик се т.н. клетки, структурите кои што се наоѓаат на површината на некои од станиците на дишните органи.

Неверојатните нови фотографии покажуваат како коронавирусот ги напаѓа станиците во човечкиот организам. Сликите прикажуваат колку голем број вируси се произведуваат во текот на една инфекција. И, навистина, секоја една заразена станица може да произведе илјадници вируси.

Камила Ехре, професорка на Институтот за белодробни болести при Универзитетот во Северна Каролина, направла фотографии со помош на електричен микроскоп, уред којшто користи фокусиран зрак на електрони за создавање фотографии.

За да ги направат фотографиите, научниците прво во лабораторија намерно инфицирале станици од човечките дишни органи со коронавирус, па ги испитувале станиците во текот на четири денови.

Фотографиите исто така прикажуваат голема густина на вирусните честички т.н. вирони.

Анализата на концентрацијата на вироните покажува дека секоја станица произведува и отпушта голем број вирони, објаснила професорката Ехре.

Извор: Espreso.rs