Во текот на мај се појавија информации дека Facebook подготвува нешто навистина интересно – дека во тајност работи на експериментален сателит кој ќе го проследува интернет сигналот на Земјата со употреба на радио сигнал.
Сега тоа повеќе не е тајна. Facebook официјално потврди дека навистина работи на тој проект и дека сателитот e наречен Athena, а оваа вест доаѓа откако компанијата се откажа од проектот Aquila кој подразбираше развој на сопствени дронови за испорачување интернет во изолираните делови на светот. Според зборовите на официјалните лица од оваа компанија, Facebook верува дека сателитската Интернет технологија ќе биде основата на broadband инфраструктурата од следната генерација. На овој начин најлесно ќе се обезбеди пристап до интернет во најоддалечените, но и технолошки најзаостанатите делови на планетата.
Планот е Athena сателитот да се лансира на почетокот на 2019. година. Инаку, ова не е единствениот сателит кој ќе обезбедува интернет, бидејќи компаниите како што се OneWeb и SpaceX веќе ги лансираа своите први Интернет сателити на почетокот на оваа година. Сепак, само неколку Интернет сателити нема да ја обезбедат саканата цел. За тоа е неопходна мрежа од неколку илјади мали сателити поставени во ниската Земјина орбита, кои би оформиле мрежа над целата планета и така со својот радио сигнал би ја покриле целокупната нејзина површина.