По 134 години, Белград денеска доби нова железничка станица. Железничката станица Белград Центар во Прокоп е нова појдовна и дојдовна станица за сите возови од домашниот и меѓународниот сообраќај, освен за оној за релација белград – Бар, кој ќе поаѓа од станицата Топчидер.

На тој начин главната железничка станица во центарот на градот престана со работа, а според најавите на надлежните, таа ќе стане музеј. Станува збор за зграда од 1884 година, која ќе стане исторички музеј за настанокот на српската држава.

 Поради укинувањето на Главната станица, што се смета за штетно за градот, протестираа група граѓани.

 Извор: Макфакс