Една од главните причини поради која голем број од младите (и не само младите!) размислуваат за напуштање на Македонија и емигрирање е сонот за подобар живот. Притоа, како главна причина која ја наведуваат е неможноста да најдат пристојна работа која ќе им овозможи да го имаат стандардот и животниот стил кој го посакуваат.
Една од работите која тие очигледно ја немаат земено предвид е можноста да се најде работа на далечина. Да, денес секој што бара работа на крајот и ќе ја најде. Освен мегапопуларниот Upwork, постојат голем број слични сајтови кои можат да ви помогнат да си најдете работа како фриленсер и тоа во голем број различни области. Ако случајно сте ја пропуштиле статијата со линковите до најдобрите сајтови за хонорарна работа, еве ви го уште еднаш тој линк:
50 најдобри сајтови за хонорарна работа
Но што ако не сакате да бидете фриленсер, односно сакате работа со полно работно време која добро се плаќа?
Има решение за тоа а се нарекува работа со полно работно време – на далечина. Токму за тоа денес зборува Robert Gibb, а ако сакате да дознаете како да ја најдете, одвојте 6 минути и погледнете го ова видео:
Сакаш и ти да најдеш ваков вид работа?
Прва и основна работа која е потребна е поседување знаења и вештини. Ако ги немаш, или не си задоволен од нив, се наоѓаш на вистинското место.
Веб академијата Еверест е специјализирана за школување на далечина со помош на ментори за професии во област на веб индустријата.
Ако сакаш да дознаеш како може да ти помогнеме да стигнеш до добро платена работа или вработување, закажи бесплатна индивидуална консултација на овој линк.
Поврзани артикли