Се појави нова фотографија, која ги прикажува дисплеј панелите на сите три претстојни iPhone модели. Бенџамин Гескин, дојавувач на информации од Apple екосистемот, сподели фотографија на Twitter, на која трите панели сугерираат дека Apple ги донесува тенките рамки на моделот од понискиот сегмент.
Фотографијата прикажува три панели: од 5,8-инчи, 6,1 и 6,5-инчи. Се очекува дека 6,1-инчниот модел ќе биде годинашниот модел на Apple со пониска цена, а претходните извештаи сугерираа дека ќе чини околу 700 долари. Ќе нуди опција за препознавање на лицето и други функции. За да ги намали трошоците, Apple на овој модел нема да имплементира OLED екран и систем со две камери.
Објавата на поевтин iPhone модел би можела на корисниците да им овозможи пристап до голем дисплеј и Face ID функции по многу подостапна цена, а сето тоа со дизајн кој е сличен на iPhone X моделот. Телефонот би можел да пристигне во неколку различни бои, кои вклучуваат сива, бела, сина и портокалова.
Поврзани артикли