Трговскиот гигант Walmart најави договор со Microsoft за заедничко користење на облак (cloud) технологиите, како и оние со вештачка интелигенција.
Со ова двете компании го официјализираат својот сојуз против Amazon на растечкиот пазар за онлајн трговија, пишува Fox Business.
Amazon претходно му “објави војна“ на Walmart преку купување на синџирот супермаркети Whole Foods.
Со целосната покриеност на облак технологиите вклучувајќи го Microsoft Azure и Microsoft 365, овие компании ќе го направат купувањето побрзо и полесно за клиентите.
Инженери од Walmart aи Microsoft ќе соработуваат за да префрлат голем дел од walmart.com и samsclub.com на облак сервисот од технолошкиот гигант, Azure. Овој договор помеѓу двете компании ќе трае 5 години