Мicrosoft се обидe да се претвори во влијателно име на пазарот на паметни телефони со Windows Mobile и серијата уреди Lumia кои се произведуваа од Nokia. Обидите во оваа сфера не го постигнаа посакуваниот успех и ја натераа компанијата да го насочи вниманието кон други сегменти во кои може да генерира повеќе приходи. Сепак, во последно време се шпекулира со желбата на Microsoft да се вратат во смартфон пазарот со премиерата на нов Surface Phone модел.
Премиерата на уредот ќе се одржи во 2019 година. На интернет излегоа податоци дека паметниот телефон ќе означи драстична промена во стратегијата на Мicrosoft. Вработен во компанијата одговори на серија прашања на љубопитен клиент и откри дека следниот смартфон од серијата Surface нема да работи со Windows 10 Mobile, туку ќе биде базиран на Аndroid, пренесе „mspoweruser“. Се чини дека ова е единствената шанса да се биде успешен во овој сегмент.
Идејата е уредот да понуди пристап до сите популарни Microsoft апликации, вклучувајќи ја разновидната колекција на содржина на Google Play. На овој начин, компанијата ќе се обиде да најде совршен баланс помеѓу потребите на бизнис круговите и преференциите на обичните потрошувачи. Сè уште немаме информации за специфичните технички спецификации кои ќе ни бидат понудени од првиот Android смартфон на Мicrosoft.