Се појавија информации за цените на телефоните од Samsung Galaxy Note 10 серијата, која ќе биде претставена на 7. август во Њујорк.

Според наводите на индустрискиот дојавувач, цената на Galaxy Note 10 моделот во Европа ќе изнесува 999 евра, додека Galaxy Note10+ ќе чини 1149 евра. Во прашање се цените на основните верзии, а двата телефона пристигнуваат со почетни 256 GB простор за складирање.

Се очекува дека цените на смартфоните би можеле да се разликуваат од регион до регион, во зависност од попустите или другите детали кои ќе ги нуди малопродажбата.

И натаму не делат околу три недели од објавата на Samsung Galaxy Note 10 линијата телефони, а има се повеќе информации за претстојните уреди.