Европската комисија потврди дека Google ќе треба да плати рекордни 4,3, милијарди евра казна за прекршување на правилата за конкуренција на ЕУ.
Google има 90 дена да ги смени своите практики или во спротивно ќе плати дополнителни казни.
Најавата беше очекувана и ја потврди попладнево еврокомесарката за конкуренција Маргрет Вестагер.
Европската комисија по втор пат ја казнува американската компанија за прекршување на европските правила, со рекордно висока казна.
Брисел смета дека Google ја злоупотребил својата доминантна положба на пазарот, со тоа што ги присилувала, меѓу другото, производителите на мобилни смарт апарати (телефони и таблети) да ја преинсталираат ексклузивно алатката за пребарување Google Search на уредите кои користат Android.
Fine of €4,34 bn to @Google for 3 types of illegal restrictions on the use of Android. In this way it has cemented the dominance of its search engine. Denying rivals a chance to innovate and compete on the merits. It’s illegal under EU antitrust rules. @Google now has to stop it
— Margrethe Vestager (@vestager) July 18, 2018
– Со тоа Google им оневозможил на конкурентите да развиваат непречено свои производи и ги лишил потрошувачите во ЕУ од бенефитите на конкурентноста, изјави Вестагер за новинарите.
Одлуката на Европската комисија доаѓа само неколку дена пред посетата на нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер на Вашингтон, во услови на зголемени трговски тензии меѓу ЕУ и САД.
Запрашана дали стравува дека ова одлука би можела дополнително да ги заостри односите со американската администрација, Вестагер порача дека верува оти САД исто така се залагаат за фер правила на конкурентност и дека „Гугл“ треба да ги почитува тие правила.