На крајот на април, Motorola ја претстави новата серија смартфони Moto E5 во која се најдоа три модели. Мото E5 Play беше дел од нив, но уредот беше дизајниран само за САД и Канада.
Компанијата очигледно имаше други планови за остатокот од светот, бидејќи презентираше нова верзија на уредот кој користи Android Oreo (Go edition) и ќе се нуди од овој месец во Европа и Јужна Америка по цена од 109 евра.
Уредот нуди 5.3-инчен 18: 9 екран (5.2 во другото издание на Moto E5 Play), сензор за отпечатоци во логото на Motorola врз задниот капак и две камери со резолуција 5МР и 8МР. И бидејќи станува збор за Android Oreo (Go edition) оперативната меморија најверојатно е намалена до 1GB, кој е лимитот за оваа верзија на платформата.