Грешката која е откриена е наводно невозможно самостојно да се отстрани, туку е потребно да го однесете телефонот на сервис.

Според зборовите на некои корисници, станува збор за грешка која е откриена на уредите на iPhone, а се манифестира како нов проблем кој го прави телефонот практично неупотреблив.

Со тоа, доколку корисникот од некоја причина го помести датумот на телефонот на 1 јануари 1970 година, уредот ќе се расипе.

Проблемот почнал да привлекува внимание на сајтот „Reddit”, а штом бил откриен, многу од корисниците почнале да експериментираат.

Доколку датумот се намести да биде 1 јануари 1970 година и се рестартира телефонот, вашето „милениче” ќе се расипе, а единствен начин да се поправи е да се однесе во овластен сервис. Исто така, корисниците изјавиле дека ресетирањето по пат на iTunes не помага.

Засега не е познато што предизвикува ваков проблем кај промената на датумот, но многумина претпоставуваат дека има врска со временските зони.

Извор: Telegraf.rs / businessinsider.com