Британската компанија Ролс Ројс што произведува млазни погони дизајнирале нов тип на мотор за летачко такси. Компанијата моментално бара партнери што ќе помогнат во развивањето на проектот и се надева дека нивното летачко такси ќе биде пуштено во употреба во наредните 3 до 5 години.
Ролс Ројс во Недела сподели дека плановите за електрично возило што вертикално полетува и слетува се готови, и во нивниот дизајн возилото ќе може да смести 4-5 особи, ќе патува со брзина од над 300 километри на час и ќе има дострел од околу 800 километри.
Компанија која произведува мотори за авиони, хеликоптери и бродови се вклучи во трката за производство на летачки таксиња.
Во трката се вклучени веќе неколку големи компании како Ербас, Убер и стартапот Кити Хок што е започнат од основачот на Гугл, Лери Пејџ.