Производителите на техника велат дека батеријата на лаптопот трае од 2 о 4 часа. Меѓутоа, колку навистина трае? Кога лаптопот и батеријата се нови, може да трае до 3 часа.
Има некои грешки и навики кои му наштетуваат на животниот век на батеријата.
Најчеста грешка е што лаптопот ви е постојано приклучен на адаптер и постојано се празни и полни истовремено. Тоа негативно влијае на „здравјето“ на батеријата.
Намалете ја јачината на светлото на екранот и исклучете ги звучниците бидејќи сигурно не ги користите постојано. Обидете се да не отворате повеќе различни апликации истовремено.
За долготрајност на батеријата исто така се препорачува лаптопот да го чувате во средина со собна температура. Ниските и високите надворешни температури може да ја оштетат батеријата.