Компанијата сака во целост да се посвети на производството на трите нови годинашни iPhone модели.

Компанијата која се занимава со истражување и анализа во сферата на IT индустријата и интернетот, BlueFin Research наведува дека Apple планира да го стопира производството на својот минатогодишен модел iPhone X, како и на веќе застарениот iPhone SE.

Причината за ова се крие во одлуката на Apple во целост да се посвети на производството на трите нови годинашни iPhone модели, кои официјално ќе бидат претставени наесен.

Apple, до крајот на оваа година, планира на пазарот да пласира околу 91 милион нови iPhone уреди, додека во 2019. би требало да бидат испорачани околу 92 милиони примероци од трите нови модели на iPhone.

Apple овие бројки ги носи врз зклучокот дека корисниците на претходните iPhone модели, оваа година, конечно се подготвени за премин на новите уреди, што минатите години не беше случај.

По појавувањето на пазарот, се очекува вео текот на следните четири квартали да бидат испорачани, 20, 60, 45 и 40 милиони примероци од трите нови модели на iPhone.

Според достапните предвидувања, најмногу би требало да се продава најголемиот модел на iPhone со 6,5-инчен OLED екран и основниот модел со LCD екран од 6,1 инчи.

Извор: B92.net