Пред една година светот беше возбуден од откривањето на егзопланета наречена Рос 128б која што се наоѓа на само 11 светлосни години од Земјата.
Ново истражување изведено од Бразилската Национална Обзерваторија за првпат го откри хемиискиот состав на ѕвездата околу која врти Рос 128б.
Сознавајќи кои елементи се дел од ѕвездата како и во која мера, научниците можат да претпостават од што се составени и планетите кои вртат околу неа.
Користејќи нов телескоп-спектроскоп научниците дознаа дека ѕвездата е богата со јаглерод, кислород, магнезиум, алуминиум, потасиум, калциум, титаниум и железо.
Претпоставениот радиус на Рос 128б укажува дека таа е карпеста.
Подоцна со мерењето на температурата на планетата како и нејзиниот радиус тимот од научници успеа да дознае колку светлина се одбива од Рос 128б, а тоа ни покажа дека оваа егзопланета не само што има слична големина со Земјата туку и слична клима.
Со комбинирање на неколку науки и мерења од различни инструменти научниците го уцврстија нивниот аргумент дека на планетата има нормална клима и вода во течна состојба.