Федералната комисија за комуникации на САД (ФЦЦ) наскоро ќе излезе со предлог до Владата, што практично ќе му забрани на Huawei да прави бизнис во земјата, соопшти специјализираниот сајт „гизчајна“.

Ваквиот развој може да доведе до банкрот на американскиот телеком оператор „Јунајтед ТелКом“, со седиште во Канзас, бидејќи поголем дел од неговата опрема за безжични мрежи ја обезбедува токму „Хуавеи“.

Во случај на забрана на активностите на Huawei во САД, компаниите како „Јунајтед ТелКом“ и други мали телеком оператори ќе бидат принудени да прекинат со работата, поради недостаток на техничка поддршка и неможност да се купи нова опрема.

Замена на телекомуникациската опрема на Huawei со уреди од трети страни ќе чини околу 20-25 милиони долари за операторот „Јунајтед ТелКом“. Меѓутоа, таквите непредвидени трошоци не се во рамките на можностите на малите телекоми.

САД ги стави на „нишан“ високо-технолошките кинески компании, особено големите играчи како што се Huawei и ZTE. Официјалната американска позиција е дека бизнисот на овие компании ја загрозува националната безбедност – било да е тоа поради шпионирање во корист на кинеската влада или поради врски со непријателите на САД како Иран.