Во врска со пријавениот случај на автоматско испраќање фотографии преку SMS пораки од Samsung уреди, компанијата излезе со официјална реакција, во која се вели дека „не се пронајдени ниту хардверски, ниту софтверски недостатоци кои може да бидат релевантни за овој поединечен случај“.
„Внимателно ги проверивме наодите во изминатите неколку денови, меѓутоа, не се пронајдени ниту хардверски, ниту софтверски недостатоци кои може да бидат релевантни за овој поединечен случај. Иако досега не се регистрирани слични забелешки од корисници на глобално ниво, ќе продолжиме и понатаму да ја истражуваме оваа ситуација. Ги охрабруваме сите корисници кои имаат некакво прашање директно да го контактираат нашиот Центар за Поддршка на Корисници со јавување на телефонскиот број 02 3 207 777“, се вели во реакцијата.