Audi ја пренесува мобилноста во третата димензија. Минатата недела во Берлин беше потпишан посебен документ за намерите на компанијата.

Брам Шот, Извршен директор и член на Управниот одбор задолжен за маркетинг и дистрибуција во Audi AG го потпиша документот за лансирање на проектот Urban Air Mobility заедно со сојузниот министер за транспорт Андреас Шојер, министерот за дигиталниот развој Дороте Бер, Грација Витадини, извршен директор во Airbus, како и други претставници на политичката класа и индустријата. Целта на овој проект во рамките на Европската унија е создавање на воздушни такси во областа Инголштад.

– Поврзаните, електрични и автономно управувани автомобили ќе го направат сообраќајот во градовите поудобен и поеколошки и истовремено со тоа ќе се заштеди место, а тоа автоматски значи повисок квалитет на живот за луѓето. Во овој поглед мобилноста од третата димензија може да има голем придонес во иднина, истакна Шот.

Тој го поздрави храброто решение на градската управа и намера да земеме активно учество во трансформирање на регионот во тест зона за воздушни такси.

Audi во соработка со подружницата на компанија – „Италдизајн“, и авионскиот производител Airbus, претставија на автомобилскиот салон во Женева во март концептуален развој Pop.Up Next, една сосема електрична и целосно автоматизирана студија за хоризонталната и вертикална мобилност на иднината.

Проектот Urban Air Mobility е дел од иницијативата на Европската унија, наречена „European Innovation Partnership (EIP) on Smart Cities and Communities (SCC)“.

Проектот го означува почетокот на големата иницијатива на Европската унија која вклучува други градови, како Хамбург и Женева.