Уран бил удрен од масивен објект со големина колку две Земји. Овој удар ја накривува планетата на едната страна и придонесува за многу ниските температури на површината и во атмосферата.
Астрономи од Британскиот Дурхам Универзитет ja истражуваат причината поради која Уран е накривен на едната страна и какви последици би придонел ударот со голем објект врз еволуцијата на планетата.
Тимот користеше копмјутерски симулации со висока резолуција за да најде кој тип на масивен удар е причината што го направи Уран да биде замрзнат џин.
Истражувањето ја потврди претходната претпоставка дека накривеноста на Уран е заради судир со масивен објект, најверојатно млада прото-планета составена од камен и мраз. Ударот најверојатно настанал за време на создавањето на сончевиот систем, пред 4 билиони години.
Симулациите покажаа дека остатоците од судирот се распоредиле низ планетата и направиле слој од мраз кој ја задржува топлината што доаѓа од јадрото на Уран.