Google нуди сопствена серија смартфони наречена Pixel, а наесен се очекува да го претстави својот прв паметен часовник. Претстојниот уред ќе биде само еден од новите производи на компанијата, заедно со втората генерација на слушалките Pixel Buds и третата генерација на Pixel смартфоните. Податоците се од популарниот блогер @evleaks, кој постојано открива доверливи информации за претстојните производи од водечките компании. Желбата на Google да претстави свој часовник е многу интерена идеја.
Премиерата на Google Watch ќе одбележи силна промена во стратегијата на компанијата, која досега се потпираше на други производители како LG и Fossil Group, кои создаваа хардвер што работи со Wear OS. Новиот уред ќе биде развиен од Google и ќе стане директен конкурент на Apple Watch. Во моментов се тестираат три паметни часовници со името Google Watch, кои се со кодни имиња Ling, Triton и Sardine. Корисниците исто така ќе можат да изберат конфигурации со 3G и 4G поддршка.
Трите верзии ќе имаат различни големини и ќе работат на Qualcomm процесорите. Оптимизациите на софтверот ќе овозможат Google Watch да може да понуди долг век на траење на батеријата, со кој не може да се пофали ниту еден часовник со Wear OS. Другите карактеристики вклучуваат GPS чип и вграден сензор за отчукување на срцето. Официјалната премиера ќе биде во октомври, кога ќе видиме нова верзија на Wear OS. Сè уште немаме информации за цената на Google Watch.
Поврзани артикли