Креаторите на популарната музичка стриминг услуга развија нова, полесна верзија на нивната Android апликација наречена Spotify Lite. Идејата е овој софтвер да заземе помало место во паметните телефони и да понуди најосновна функционалност. Другиот главен фокус во развојот на Spotify Lite е да го намали мобилниот интернет сообраќај додека уживате во вашите омилени песни. Големината на апликацијата е само 15 МB.

За споредба, стандардната верзија на Spotify е околу 100MB, што претставува намалување од околу 85%. Една од главните карактеристики што нема да можете да ја користите на апликацијата е способноста да ги слушате плејлистите офлајн. Spotify Lite исто така го компромитира квалитетот на музиката и не го поддржува режимот за репродукција на Extreme Quality, информира „AndroidPolice“. Корисниците исто така ќе го забележат отсуството на Spotify Connect.

Spotify Lite не дозволува да одберете која песна од плејлистата да се репродуцира на паметниот телефон, туку ги стартува сите песни во листата за репродукција по свој редослед. Компанијата наведува дека ова е се уште бета верзија и го задржува правото периодично да го ажурира својот нов производ. И покрај ограничувањата, Spotify Lite е добар предлог за сопствениците на паметни телефони кои немаат доволно меморија и сакаат да заштедат на мобилниот интернет додека слушаат кога се во движење.