Во 80-те години на минатиот век BBC беше водечка компанија која компјутерите ги носеше до масите. Проектот за компјутерска писменост бил толку популарен, што довело до тоа BBC да објави сопствен компјутер – „BBC Micro“. Исто така, компанијата ги учела гледачите како да програмираат.
Сега BBC одлучи да ги објави сите свои проекти за да ги инспирира младите генерации што доаѓаат, на ист начин како што тоа го правела тоа во 80-те години.
Проектот за компјутерска писменост во свое време бил голем подвиг, а имал за цел да ги научи гледачите на техники за програмирање за да ги искористат предностите на новите технологии. Исто така, проектот доведе до објава на споменатиот компјутер „BBC Micro“, а вклучува и интервјуа со иноватори од тоа време, како Бил Гејтс и Стив Вознијак.
Со објава на оваа архива може да погледнете 267 програми што биле дел од проектот, 166 „BBC Micro“ програми што се користеле тогаш, а можете и да научите многу за историјата на овој проект.
Моментално BBC не е вклучен во сферата на компјутерите како што бил во 80-те, но продолжи да нуди можности за младите програмери за тие да ги усовршуваат своите вештини. Една од таквите акции е и BBC Micro:Bit мини-компјутерот на кој работат милион ученици во Велика Британија.
Извор: B92.net