Паметните телефони со две камери веќе станаа стандардни на пазарот, а двојна камера имаат и некои модели од пониските класи.
Првиот паметен телефон со три задни камери го претстави компанијата Hauwei со својот модел P20 Pro, а неодамна се појавија шпекулации дека новиот модел на LG ќе има дури пет камери.
„Вашингтон Пост“ пишува дека американската компанија Light работи на систем на камери за паметни телефони, кој би имал дури девет задни камери.
Системот моментално е во фаза на тестирање, а официјално би требало да биде претставен до крајот на оваа година.
Инаку, Light на пазарот веќе има еден интересен производ, камера L16, која има комбинација од 16 различни камери во еден уред.
Оваа единствена камера има цена од речиси 2.000 долари, па реално е да се очекува дека ниту идната технологија со девет задни камери за паметните телефони, исто така, нема да биде евтина.
Поврзани артикли