WhatsApp продолжува со подобрување на групното искуство за своите корисници. Компанијата додаде некои нови функции, како што се описите за групите, новата “catch up” функција и дополнителната заштита за корисниците. Компанијата, која е во сопственост на Facebook, сега објави дека додава и еднонасочни пораки за групите.
Новото подесување за групите им овозможува само на администраторите да испраќаат пораки во групата. Ниту едно друго лице во групата нема да може да испраќа пораки кога администраторот ја има оспособено оваа функција.
Компанијата истакна дека функциите за групите ги користат голем број луѓе за битни најави и информации, а меѓу нив се родителите и учителите во училиштата, непрофитните организации и месните заедници. Тие можат да покренат нова функција и да бидат сигурни дека никој друг во групата нема да може да ги загуши членовите со пораки кои не се битни за намената на групата.
WhatsApp со оваа функција практични претставува еден вид на канал. Администраторите на групите оваа функција можат да ја покренат од Group Info секцијата, со притискање на Group Settings > Send Messages и изборот на опцијата “Only Admins” во најновата верзија на апликацијата.
Поврзани артикли