Компанијата Disney произведе нови роботи кои изгледаат како летачки суперхерои, а ќе служат за да ги забавуваат посетителите во тематските паркови и одморалишта на Disney.
Според коментарите на технолошките експерти, роботите на Disney ги поместуваат границите на роботскиот инженеринг. По проектот на компанијата Stickman, инженерите на Disney сега креираа хуманоидни роботи кои можат да изведуваат акробации во воздух и секој пат успешно да слетаат.
Со помош на ласерски водичи и вградени акцелератори и жироскоп овие роботи ја прилагодуваат својата полошба во воздухот и исгледаат како суперхерои. Disney сними видео со овие роботски акробации.
Од американската компанија не прецизираат во кои паркови ќе ги има новите роботи, но многумина претпоставуваат дека ќе изгледаат како некои од познатите ликови на Marvel или Pixar.
Извор: Klix.ba