IntelliMouse на Microsoft прв пат ја здогледа светлоста на денот во далечната 1996. година и многу брзо потоа влезе го легендите како евтин, квалитетен, ергономски и за тоа време, многу напреден маус, кој кон крајот на 90-те можеше да се најде на многуте работни маси, но и во рацете на играчите.
Препознатливиот облик на овој маус со црвено светло во долниот дел, уфрлањето на денес незаобиколното тркалце и многу прецизниот одзив на Omron прекинувачот во копчињата го направија IntelliMouse класика.
Последната верзија, IntelliMouse 3.0 во продажба беше пуштена во 2003. година. Имаше оптички сензор (namesto топче кај оригиналниот модел) со BlueTrack технологија, која му овозможуваше работа и на стакло.
Денес, 22 години од првиот и 15 години од последниот модел, Microsoft го претстави наследникот на својот култен маус – Microsoft Classic IntelliMouse. Иако се одликува со истиот изглед и ергономија како и класичните модели, “под хаубата” носи значајни технолошки подобрувања.
Неговите сензори сега ја очитуваат положбата 1000 пати во секунда и имаат резолуција од дури 3.200 dpi.
Новиот IntelliMouse има пет програмабилни копчиња, класични Omron прекинувачи, а наместо култното црвено светло, сега долниот дел му свети со нешто помодерни бели тонови.
Дизајнерите на ова глувче велат дека и покрај задржаниот идентичен надворешен изглед, внатрешната структура на куќиштето значајно е доработена, па сега се работи за уште поцврст и поиздржлив производ, отколку што тоа беше и онака квалитетниот оригинал.
Microsoft Classic IntelliMouse доаѓа само со верзија со кабел, и тоа по цена од 40 долари.
Поврзани артикли