Робот со вештачка интелигенција отпатува кон Меѓународната вселенска станица заедно со ракетата Falcon 9, истрелана од авиобазата Кејп Канаверал, Флорида, од компанијата SpaceX заедно со товарната капсула Dragon.

Роботот помошник CIMON (Crew Interactive Mobile Companion) е создаден од Airbus и во него е вграден систем за вештачка интелигенција Watson AI, развој на IBM. Паметната машина ќе комуницира со членовите на тимот на МВС и ќе им овозможи да бидат тестирани можностите на вештачка интелигенција во вселената.

CIMON изгледа како балон со вграден екран. Тежи пет килограми и е опремен со 14 вентилатори за движење во станицата во услови на бестежинска состојба. На екранот на робот ќе се покажат различни корисни информации, а предвиден е и интерфејс со анимирани лице.