Социјалната мрежа Twitter во иднина од новите корисници ќе бара електронска адреса или телефонски број, како дополнителна мерка за сузбивање на злоупотребите.
„Тоа е важна промена за заштита на приватноста на корисниците“, наведуваат од компанијата.
Мерката ќе стапи во сила оваа година и нема да ја загрози активноста на новите корисници.
Twitter ја почна борбата против програмата за автоматско праќање на пораки која се користи за пропаганда, особено политичка.
Во мај, друштвената мрежа објави дека идентификувала повеќе од 9,9 милиони такви автоматски профили, кои потенцијално служеле за „спамирање“ на другите корисници.