Научниците од Универзитетот во Мичиген произведоа минијатурен сметач кој може да детектира температура со големина од само 0,04 кубни милиметри, што е многу помало во споредба со оризово зрно.
Претходниот рекорд како производител на најмал компјутер во светот го држеше IBM. Сепак, истражувачите на Универзитетот во Мичиген, при конструкцијата на оваа минијатурна направа имплементирале свои оригинални идеи со цел да направат уште помала компјутерска единица.
Истражувачите користеле кондензатори наместо диоди. Тие работат против релативното зголемување на електричната бучава, која настанува кај уреди кои работат на ниски напони.
Сензорот создаден од Универзитетот во Мичиген е способен да ги регистрира промените во исклучително мали области, како што се клеточните групи во телото.
Во овој сензор се наоѓа комплетен процесор, но кога еднаш ќе се исклучи доаѓа до губење на сите податоци.
Уредот може да се користи за лекување рак и други болести, но исто така ја отвора вратата и за многу возбудливи истражувања во светот на технологијата.
Поврзани артикли